Диего Коста: Ако кажам што мислам за судиите…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Челзи, Диего Коста е познат по својот темперамент, па често е во немилост на судиите во Премиер лигата.

Сепак, Бразилецот со шпански пасош не сака јавно да зборува за судиите бидејќи смета дека тоа ќе му донесе поголеми проблеми.

„Не сакам да го кажам своето мислење за англиските судии бидејќи сигурно ќе добијам суспензија од три или четири натпревари“, изјави Диего Коста.

Диего Коста од доаѓањето во Челзи во 2014 година беше „под казна“ дури седум пати, а тро пати беше санкциониран поради инцидент „без топка“.