Реал Мадрид се откажува од Бејл и прави спектакуларна трампа

Иако сите очекуваа, сепак претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез не успеа во летниот преоден рок да донесе голема ѕвезда која ќе биде замена за Кристиано Роналдо.

Главна желба на Реал Мадрид беше Еден Азар, кој и сам во неколку наврати изјави дека има желба да заигра за „кралскиот“ клуб. Но, клубовите не постигнаа договор па Белгиецот остана на „Стенфорд Бриџ“.

Меѓутоа, „Марка“ денес објави дека Реал спрема понуда за Азар која Челзи едноставно нема да може да ја одбие. Иако е тешко да се поверува дека Белгиецот може да пристигне во Мадрид во јануари, сепак Перез има решение.

Наводно претседателот на „кралевите“ одлучил во понудата покрај пари да вклули уште еден фудбалер. Перез е спремен дури да се откаже од Бејл, само за да дојде до потписот на Азар.

„Марка“ е убедена дека Челзи нема да може да одбие таква понуда, бидејќи е само прашање на време кога Белгиецот ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.