Реал „извиси“: Јунајтед спреми нов договор за Рашфорд


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со заминувањето на Жозе Мурињо тимот од „Олд Трафорд“ игра како препороден.

Со доаѓањето на Солскјер на клупата на „црвените ѓаволи“ некои играчи почнаа да воодушевуваат со своите настапи, а еден од нив е секако Маркус Рашфорд, кој постигна 9 гола и запиша 4 асистенции.

Младиот Англичанец има договор со Јунајтед до 2020 година и веќе подолго време се шпекулираше со негово заминување од „Олд Трафорд“, а најсилен интрес за него покажува Реал Мадрид.

Меѓутоа, Јунајтед не сака да се откаже од својата ѕвезда, па спреми нов догово за 21-годишниот напаѓач.

Англиските медиуми пренесуваат дека Рашфорд ќе добие значително зголемување на платата, па со новиот договор ќе заработува 170.000 фунти неделно.