Реал испрати прва понуда – преговорите започнаа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Рома, Алисон Бекер без сомнеж оваа сезона е еден од најдобрите на светот, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Медиумите тврдат дека Алисон е трансфер цел број еден на Реал Мадрид, кој веќе ја испратил првата понуда во Рим.

„Кралевите“ сакаат да го заменат Кејлор Навас ова лето, па веруваат дека Алисон ќе биде иделано решение за следните неколку години.

Рома за неговата слобода бара 60 милиони евра, а медиумите во Шпанија тврдат дека „кралевите“ се спремни да ја платат таа сума и преговорите се веќе започнати.

Доколку се реализира овој трансфер тоја значи дека Алисон ќе стане најскап голман во историјата на фудбалот и ќе го сруши рекордот кој долги години го држеше Буфон.