Реакцијата на малиот принц Џорџ го украде вниманието на целиот свет (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Малиот принц Џорџ синоќа оправдано го украде вниманието на целиот свет, откако бевме сведоци како неговата радост по голот на Англија се претвори во очај кога Италија конечно го освои финалето на Евро 2020 на Вембли.

Седумгодишниот Џорџ го следеше натпреварот со неговите родители, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, во ВИП-ложата, кадешто еуфорично навиваше за Англија, која на почетокот поведе со 1:0, но на крајот загуби на пенали.

Принцот Вилијам смирено ги ставаше рацете на рамениците на неговиот син како поддршка за тоа како играта завршуваше на драматичен крај.

Кралското семејство ја започна вечерта во добро расположение, како и цела нација, а на малиот Џорџ му беше дозволено да остане подолго буден поради посебна пригода. Џорџ, кој со родителите го гледаше и натпреварот на Англија против Германија, беше во иста комбинација како и неговиот татко.

По химната, Џорџ навиваше воодушевено мавтајќи со рацете. Кога Англија даде гол малиот принц ја прегрна мајка си од возбуда, но на крајот вечерта заврши во разочарување за Британците.

Кралското семејство беше меѓу 60.000 навивачи на стадионот, а на натпреварот присуствуваа и премиерот Борис Џонсон и неговата сопруга Кери. Во ВИП-ложата беа и Дејвид Бекам, Кејт Мос и Том Круз.