Home Актуелно Разрешен обвинителот Марко Зврлевски

Разрешен обвинителот Марко Зврлевски

Пратениците во Собранието со 64 гласови ЗА, ниту еден против и воздржан попладнево изгласаа разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски.

На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие со денови го одолговлекуваа гласањето, со долги дебати, реплики и контрареплики.

Пратенците од СДСМ го поздравија разрешувањето на Зврлевски со овации, по што заврши седницата.

Расправата за разрешување на Зврлевски траеше 20 дена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…