Разгорете ги страстите: Обидете се со овие трикови за да го излудите партнерот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јасно и гласно кажете што посакувате

За до крајот да биде задоволен во креветот, мора да знае дека и неговата драга е задоволена. Затоа немојте да молчите, глумите, цензурирано да воздишувате или да повторувате глупави фрази кои сте ги слушнале во порно видеата, туку кажете му – што ви се допаѓа, што не, што би сакале да ви прави во креветот. Секоја вагина е поинаква, па и најискусните момци понекогаш треба да бидат наведени за да се осигура уживањето.

Бидете вие таа која ќе предложи некоја перверзија

Дури и ако се остане само на разговор, идејата ќе го возбуди. Многу девојки се љубопитни и би сакале да го пробаат аналниот секс, но не се осудуваат први да прашаат и да почнат таква сексуална игра бидејќи се плашат што партнерот ќе помисли за нив. Се најдобро. Таквата иницијатива може само да го воодушеви бидејќи се свесни дека аналниот секс е нешто што жената нема да го сака со секого и често. Сфатете го тоа како привилегија.

Додадете го факторот изненадување

Покажете му на својот партнер дека го посакувате. Сопрете го лифтот на десет минути кога се враќате дома во доцните часови, пројдете му со ногата по бедрата, додека во ресторанот ја чекате сметката или повлечете го од стазата за трчање во најблиската грмушка. Животот е пректаток за да се плашите и срамите.

Немојте да мислите дека него љубовта не го интересира

Ако мислите дека момците кои често ги менуваат жените љубовта не ги интересира, се лажете. Само се пребирливи и им треба подолг временски период да се одлучат на „обврска“.