Разголени фрустрации: Дивите оргии на елитата од Силиконската долина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новата книга на американската новинарка Емили Чанг ги разотрки разузданите оргии на елитата од Силициумската долина кои „тежат-лежат“ од дрога и многу млади девојки.

Изминативе две години Емили истражуваше и пишуваше за секс забаваите на мажите кои се збогатија и прославија во светот на технолошката индустрија. Разузданите забави од Силиконската долина се јавна тајна, но малку кој надвор од кругот на таа технолошка елита знае што точно се случува на нив, пишува Чанг во својата книга „Фраеротропија: Разоткривање на машкиот клуб од Силиконската долина“, од која делови објави за Vanity Fair.

Детали за развратните забави, од кои би се подзасрамил и „злогласниот Крал на Инстаграм“, за неа ги откриле 20-тина луѓе кои редовно биле дел од овие орги, од техно-магови до девојки.

Дрога со логото од компаниите

Основачите на успешните компании, инвеститорите и бизнисмените, меѓу кои некои се светски познати имиња, организираат диви забави кои траат по цели викенди. На нив се внимава да има барем двојно повеќе млади и жешки девојки отколку мажи. Секогаш има и некоја форма на (чист) MDMA, а понекогаш организаторите на журките се трудат на таблетите да биде втиснато и логото на компанијата.

Забавите најчесто почнуваат со вечера и пијалок, а завршуваат во групни џакузи кои се само предигра за секс. Кој, исто така, се практикува во групи. Поканите за таквите забави по правило се шират од човек на човек или преку Фејсбук и Снепчет. Забавите се одржуваат насекаде – од вили во елитните квартови на Сан Франциско, дворци во винскиот регион на долината Напа, Малибу, па до јахти на Ибица.

Двојни критериуми за бизнисмените

Чанг вели дека многумина доаѓаат со сопругите или сопрузите, бидејќи, отворените бракови очигледно се сè почеста појава меѓу техноелитата. Главно, никој од поканетите на тие забави не гледа ништо проблематично во нив, туку на тоа гледа како на стил на живот.

Жените никој не ги присилува на доаѓање на забавите, ниту таму им се случува нешто кое тие не го сакаат. Но, за разлика од младите убавици кои се поканети само како украс, за жените од светот на технолошката индустрија тие забави се прилично опасни, бидејќи често завршуваат стигматизирани.

„Ако одите на тие секс забави, не ни помислувајте да отворите компанија или да барате некој да вложува во вас и вашите идеи. Тие врати ви се затвораат. Но, ако не појдете на таквите журки, останувате исклучени“, открива една жена бизнисмен за Чанг, а пренесува Daily Mail.

„Многу е тешко да воспоставите блиски односи со мажите инвеститори, а ако успеете, тогаш почнувате да ги привлекувате. Мислат дека сте дел од нивната клика. А во Сан Франциско тоа значи дека ве канат на некој вид на оргии. Од тоа овде не можев да побегнам“, тврди друга.

Се изживуваат бидејќи ниту една девојка „не им давала“ во средно

Кога се во прашање убавиците кои се присутни на тие оргијашки забави, некои мажи од Силиконската долина мислат дека тие ги искористуваат нив, односно дека само сакаат да им ги лапнат парите, истакнувајќи дека одеднаш станале привлечни откако се збогатиле, без оглед на тоа колку се непривлечни и нешармантни.

Но, девојките го тврдат токму спротивното, дека мажите се тие кои се опседнати со пари, а освен на забавите, тоа најдобро се гледа на интимните состаноци. Една жена вели дека ги водат на скапи вечери и потоа ги откачуваат пред врската да може да стане сериозна.

„Велат ’надополнувам, невиноста ја изгубив кога имав 25 години‘, а јас им велам ’па, сега имаш 33, зарем уште не надополни‘. Во било кој друг контекст тие состаноци би биле романтични, но тие се така нафурани бидејќи никој не ги ебел во средно. Стварно мислам дека одново сакаат да ја проживеат младоста, бидејќи никој тогаш не сакал да ги онади“, заклучува таа.