Живот

Раскокан, растрчан и целосно гол – така вежбал Франц Кафка

Ако сега ни беше достапна некоја временска машина, или можевме да пристапиме до некој просторно-временски портали, за да се телепортираме на прашките улици во втората деценија од 20. век, голема е веројатноста дека, рашетани навечер по сокаците од Прага, ќе го забележевме култниот писател Франц Кафка, како полугол или гол, рипа, трча и се истегнува на прозорецот од неговиот дом.

Да, добро прочитавте. Еден од најголемите писатели на сите времиња, Франц Кафка, во 20-те години од неговиот живот бил преокупиран и фасциниран од вежбањето и физичките активности.

„Врз моето тело немам ни грам сало кое истото би го облагородило со топлина, кое би го држело разгорен внатрешниот оган, кое би било залиха од која, од време на време, би се хранел духот на дневна основа за задоволување на основните потреби без да ја поремети целината“, пишува Кафка.

Јирген Петер Милер

Еден од лекарите кои се грижеле за телесното здравје на Кафка, во 1907 година, за телото на писателот пишал дека е „слабникаво и комплицирано“, а дека самиот Кафка е „релативно млитав“.

Поради тоа Кафка се заинтересирал и импресионирал од физичкото вежбање и активности, а особено се навлекол на тоа кога тој го открил данскиот фитнес експерт и гуру со европска слава во зенитот во тој период, Јирген Петер Милер.

Милер во акција

Милер во 1904 ја објавил книгата „Мојот систем“, преку која го промовирал здравиот начин на живот и вежбањето како можност за трансформација на било кое тело во форма еквивалентна на онаа на вајарските прикази на телата од грчките богови. И сето тоа со 15 минути вежбање на дневна основа.

Кафка брзо се навлекол на овој систем за вежбање од Милер и станал негов посветен применувач и промотор. Често вежбал гол покрај домашниот прозорец, па минувачите имале можност да го видат во такво издание кога врвеле во близина на неговиот дом.

Најпопуларно

To Top