Рамос уште во февруари го предвиде заминувањето на Зидан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчерашното заминување на Зинедин Зидан од кормилото на Реал Мадрид беше како „гром од ведро небо“, особено за навивачите на Реал Мадрид.

Французинот изјави дека вее тешко ќе најдел начини како да победува и да го мотивира тимот, па затоа решил да замине на одмор.

Шпанските медиуми денес се присетија на изјава на Серхио Рамос која ја даде во февруари после победата над ПСЖ, во која го прогнозира заминувањето на Зидан.

„Можеби Зидан повторно ќе ја освои Лигата на шампиони и ќе сака да земе одмор, тоа е реална можност. Сите мислат дека ако повторно го освоиме трофејот тој со согурност ќе остане. Меѓутоа, не се знае – можеби ќе сака да замине“, изјави Рамос во февруари.

Токму тоа и се сличи. Реал Мадрид ја освои третата последователна Лига на шампиони, а Зидан вчера го напушти кормилото на клубот.