Home Спорт Рафа Надал се пласираше во финалето на Австралија Опен 2022

Рафа Надал се пласираше во финалето на Австралија Опен 2022

Со победа од 3-1 во сетови против Матео Беретини, шпанскиот тениски ас Рафаел Надал обезбеди пласман во финалето на Австралија Опен 2022.

Рафаел Надал се избори за своето 29. грен слем финале откако денеска беше подобар од италијанскиот тенисер Матео Беретини.

Шпанецот моќно го почна мечот, ги доби првите два сета релативно лесно со 6-3 и 6-2 и поведе со 2-0 во сетови.

Конечно следуваше добар сет на Беретини, го доби со 6-3 и се врати во игра. Но тоа беше се што направи, следниот сет му припадна на Надал со 6-3 за победа од 3-1 во сетови.

Надал во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Циципас и Медведев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…