Радикална надзорна мерка за пијаните возачи во Холандија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холанѓаните воведуваат радикална мерка за лоцирање и следење пијани возачи кои предизвикале сообраќајна незгода.

Сите вакви возачи кои се со условна казна, ќе добијат специјален уред околу ногата, кој со анализа на потта, постојано ќе ја следи нивната состојба.

Уредот ќе ја следи состојбата на возачот 24 часа на ден и ќе го мери нивото на алкохол на секои половина час, а податоците ќе ги испрати до услугата за надзор на сторителите во сообраќајот.

Холанѓаните веќе започнаа пилот програма која покажа дека дури 71% од корисниците се откажале од консумирање алкохол откако уредот за следење им бил ставен околу нозете.