Пијанство „левел“ погрешен правец (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медицинската сестра Ема Дејвис, под дејство на алкохол, цели 11 километри возела по автопат во погрешен правец, избегнувајќи ги возилата, пред да заврти полукружно и да се врати во потребниот дел од коловозот.

Дејвис во полицијата признала дека пиела вино пред да седне во автомобилот Поло и потоа да вози по автопатот М4 кон својот дом во близина на Кардиф во Велс.

Медицинската сестра вработена во болница за ментално здравје ја признала вината, алко тестот покажал дека во крвта имала двојно повеќе алкохол од дозволеното.

Сестра Ема е осудена на 12 месеци општествено корисна работа и парична казна од 920 фунти.

Голема среќа е што пијаната сестра со својот автомобил не направила ниту еден несреќа на патот возејќи во спротивна насока.