Путин на Устинов: „Врати го колбасот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Руската федерација Владимир Путин, во придружба на неговиот овластен претставник Владимир Устинов беа во посета на саемот за земјоделство во Адигеја.

Устинов, минувајќи покрај колбасите, зеде еден. Тоа го забележа претседателот и му дофрли да го врати на место, пренесува „Русија Бијонд“.

„Врати го колбасот, сѐ ти е простено“, рече Путин, цитирајќи една руска крилатица. Овластениот претставник, смеејќи се, го врати колбасот назад.