Пуштен во употреба „1915 Чанаккале“ – најдолгиот висечки мост на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го пушти во употреба огромниот висечки мост над Дарданелите, наречен „1915 Чанаккале“, пишува Ројтерс.

Мостот што ги поврзува европските и азиските брегови на Турција се нарекува „1915 Чанаккале“ и е изграден од турски и јужнокорејски компании, со проценета инвестиција од 2,5 милијарди евра. Ова е најдолгиот висечки мост во светот со централен распон од 2.023 метри и вкупна висина на кулата на мостот од 318 метри.

Овие мегапроекти одиграа централна улога во достигнувањата на Ердоган откако неговата Партија на правдата и развојот за првпат дојде на власт во 2002 година. Други проекти го вклучуваат новиот аеродром во Истанбул, тунелите под Босфорот и мостот над теснецот.

– Овие активности ќе продолжат да ѝ користат на државата уште многу години – рече Ердоган на церемонијата на отворање на мостот, по повод годишнината од победата на Отоманската империја на море во 1915 година против француските и британските сили во Дарданелите за време на Првата светска војна.

– Овие проекти играат голема улога во ставањето на нашата земја на чело на инвестициите, работната сила и извозот – додаде Ердоган.

Ердоган рече дека цената за патничките автомобили што ќе го користат мостот ќе биде 200 турски лири (13,50 долари).

Работата на проектот за мост над Дарданелите започна во март 2017 година, а во изградбата учествуваа повеќе од 5.000 работници.

Должината на централната делница од 2.023 метри што упатува на 100-годишнината од Република Турција во 2023 година.

Вкупната должина на мостот е 4,6 километри, вклучувајќи ги и приодните вијадукти.

Досега автомобилите кои патуваа меѓу Анадолија и полуостровот Галиполи мораа да ги минат Дарданелите на едночасовно возење со траект, што вклучуваше вкупно пет часа чекање. Сега патувањето ќе трае околу шест минути.