Home Шоубизнис Пцости и страв: Илон Маск и новинарката Гејл Кинг се повозија во супербрзиот тунел (видео)

Пцости и страв: Илон Маск и новинарката Гејл Кинг се повозија во супербрзиот тунел (видео)

Милјардерот Илон Маск, во друштво на новинарката од CBS; Гејл Кинг, се повозија низ супербрзиот тунел во должина од 1,83 километри кој технолошкиот иноватор и тајкун го изгради во Лос Анџелес.

Новинарката толку многу се уплаши од брзото возење, што го фати Маск за ногата и не го пушташе додека запре, пцуејќи од напад на паника и страв. Цело време тој ја смируваше новинарката , која во паника го прашуваше дали може возилото да излезе од шините. Таа бараше да не вози толку бргу , така што Маск мораше да и каже дека веќе вози побавно од дозволените 240 километри на час.

Тунелот под Лос Анџелес , долг 1,83 километри, завчера беше пуштен во употреба од страна на Маск, кој вети изградба на цела мрежа супер брзи тунели , каде возилата со лифт ќе се спуштаат на шини и ќе се превезуваат со електрични шатл возила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Судењето за убиството на Чарли Кирк ќе почне во јуни 2028 година

Истрагата за убиството на конзервативниот коментатор Чарли Кирк во септември 2025 година п…