ПСЖ, Јунајтед и Тотенхем се „тепаат“ за талент на Фулам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пари Сент Жермен влезе во битката за потписот на левиот бек на Фулам, Рајан Сеињон, пренесуваат англиските медиуми.

Сериозен интерес за младиот талент покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а неговата цена во моментов изнесува 30 милиони фунти.

Сесињон онаа сезона запиша 28 настапи во сите натпреварувања на кои постигна 7 гола и забележа 4 асистенции.

Тој има само 17-години и важи за еден од најголемите англиски таленти во моментов.