Легендата останува верен на „старата дама“: Киелини потпишува нов договор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот италијански дефанзивец Џорџо Киелини е многу блиску до потпишување на нов договор со Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Киелени со Јувентус истекува на лето, но како што стојат работите дефанзивецот ќе и остане верен на „старата дама“.

Имено, „Калчомеркато“ информира дека се е договорено и наскоро Киелени ќе стави потпис на нов договор до 2020 година.

Тоа најверојатно значи дека Италијанецот кариерата ќе ја заврши во Јувентус, бидејќи со истекот на новиот договор ќе има полни 36 години.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека договорот ќе биде потпишан следната недела.