Спорт

ПСЖ го сака Кутињо – Ливерпул ја одреди цената!

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за ѕвездата на Ливерпул Филипе Кутињо и веќе направил првичен контакт со тимот од „Енфилд“, пренесуваат француските медиуми.

„Светците“ го контактирале раководството на Ливерпул кое категорично потврдило дека Кутињо може да си замине од „Енфилд“ само за сума од 100 милиони евра.

Барселона е другиот европски гигнат кој е заинтересиран за Кутињо, но Каталонците не се спремни да ја платат оваа сума.

Што се однесува до ПСЖ, францускиот клуб сеуште не се одличил дали да испрати официјална понуда бидејќи прво сака да разговара со агентот на играчот.

25-годишниот Бразилец неодамна го продолжи договорот со Ливерпул и во неколку наврати истакна дека е среќен на „Енфилд“.

To Top