ПСЖ го мотивира Нејмар: Ако ја освои „Златната топка“ ќе добие нови милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар ова лето стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот откако премина во ПСЖ за 222 милиони евра и прави се во иднина да ја освои „Златната топка“.

Бразилецот практично избега од „Камп Ноу“ во Париз поради Лео Меси, па сака на сите да им покаже дека неговото време допрва доаѓа.

Верува дека во ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампиони и „Златната топка“, па интересна е клаузулата во неговиот богат договор, според кој заработува 30 милиони евра по сезона. Доколку успее да ја освои „Златната топка“, Нејмар ќе добие додатни 3 милиони евра од францускиот клуб, што сигурно му е додатен мотив.

Оваа година Бразилецот се наоѓа меѓу 30-те кандидати за престижната награда, која веројатно повторно ќе заврши во рацете на Кристиано Роналдо.