Првото засилување на Арсенал пристигнува во Рим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Арсенал покажува сериозен интерес за играчот за врска на Рома, Лоренцо Пелегрини.

21-годишниот Италијанец одигра фантастична сезона за „волчицата“ и заработи повик за италијанската репрезентација, па за него интерес покажуваат многу европски гиганти.

Покрај Јувентус, Интер и Милан, најсериозен е интересот на „топџиите“, бидејќи е лична желба на новиот тренер Унаи Емери.

Доколку не успеат да го реализираат трансферот на Пелегрини, „топџиите“ ќе се преориентираат кон играчот на Сампдорија, Денис Прает, кој исто така одигра одлична сезона во Серија А.