Првото светиниколско бебе во 2018 се роди на крајот од јануари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, на својата фан-страница на Фејсбук објави дека е доделен паричен чек на првороденото бебе во општината за 2018.

Интересно е што во овој град првороденото бебе пристигна на крајот на јануари.

„Оваа година чекот и припадна на нашата нова сограѓанка Мелани Зафирова која се роди во ЈЗУ Г.Гаврилски на ден 31.01.2018 година. Упатувам честитки на мајката Марија и таткото Марјан со желби за многу здравје и среќа во иднина“ – напиша Велковски.