Првите „џорданки“ дизајнирани специјално за Мајкл Џордан продадени за 560.000 долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првите патики Air Jordan, дизајнирани специјално за кошаркарската легенда Мајкл Џордан, на аукциско наддавање организирано од аукциската куќа Sotheby’s беа продадени за 560.000 долари.

Патиките од ѕвездата на NBA лигата и светската кошарка, Мајкл Џордан, со потпис од негвата „руки“ сезона во Чикаго Булс беа продадени преку интернет аукција за споменатата рекордна сума, соопштија од Sotheby’s.

Ројтерс пишува дека патиките „Air Jordan 1“ беа дизајнирани за Џордан во 1985 година и дека станува збор за прв потпишан пар патики за кои се очекувало дека ќе достигнат цена меѓу 100.000 и 150.000 долари. Но, достигнаа вртоглаво висока цена од 560.000 долари.

Досегашниот рекорд на сума дадена за патики го држеше пар патики Nike од 1972 година, познати како Moon Shoe, кои минатата година беа продадени за 437.500 долари.

„Air Jordan 1“ е првиот модел кој Nike специјално го креираше за славниот кошаркар и кои тој ги носеше во текот на неговата прва сезона во NBA во дресот на Булс.

„Беа забележани големи понуди сè до моментот кога аукцијата беше затворена, а вредноста на патиките беше удвоена во последниот час. Големата меѓународна заинтересираност на шест земји од четири континенти за овие патики само ја потврдуваат неверојатната популарност на Мајкл Џордан“, изјави Брам Вачер, директор на Sotheby’s.