Прв пат објавени фотографии од бремената Мерилин Монро: Таткото на бебето не бил нејзин сопруг


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Откако почина, ова е прв пат да бидат објавени фотографии од славната актерка и секс симбол, Мерилин Монро, на кои се гледа нејзиниот труднички стомак. Оваа бременост таа ја криела од јавноста.

Фотографиите се продадени на аукција во Холивуд минатиот ноември, за 2.240 долари. Ги направила и чувала нејзината пријателка Фрида Хал. Направени се на 8 јули, 1960 година, пред студиото Fox во Њујорк, откако Монро имала проба со костимот и фризурата за филмот The Misfits.

На нив се гледа нејзиното трудничко стомаче, но татко на ова дете не бил нејзиниот сопруг Артур Милер, туку италијанско-францускиот актер Ив Монтан, кој го запознала на снимањето на филмот Let’s Make Love. Тие двајца имале афера за која многумина знаеле. Монро ја криела оваа бременост и се претпоставува дека имала пометнување.

Тони Мајклс и Фрида Хал

„Фрида беше доста горда на овие фотографии и на тоа што ја чувала тајната на својата другарка толку години. Рекла дека Монро забременила од Монтан. Не било тоа претпоставка, туку нешто што сигурно го знаела“, изјави Тони Мајклс, купувачот на фотографиите кој живеел покрај Фрида.

Мерилин и Ив Монтан

Монро сакала да има дете повеќе од било што на светот, но имала три абортуси. Страдала од ендометриоза низ целиот свој живот, поради што имала силни менструални болки и потешкотии да забремени.