Прв избор „Маж на годината“ во Македонија – еве кој сè го доби ова признание


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Специјалистот по детска хирургија, д-р Владимир Чадиковски беше избран за Маж на годината за 2018 година, прв ваков избор во Македонија, организиран од Friday.mk и Моментум.

На гала вечерта која се одржа во Тренд Гастро Бар, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 10-те најуспешни Мажи во Македонија за 2018 година.

доктор Чадиковски

На првиот официјален избор се избираa мажите на годината за 2018 во 10 категории. Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Владимир Чадиковски. Доктор Чадиковски кој има навистина импресивна кариера и добитник е голем број признаниа во светот и кај нас, беше добитник и на уште една награда во категоријата Маж со најголем придонес во општеството.

Во категоријата Менаџер на годината за 2018 наградата ја доби Живко Мукаетов, наградата Млад менаџер ја доби Душко Чифлиганец, а наградата за Маж странец во Македонија наградата отиде во рацете на Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп. За наградата за Маж со најголем придонес во културата беше избран режисерот Ѓорче Ставерски, а за Маж со најголем придонес во спортот наградата отиде кај Кире Лазаров. Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Министерот за надворешна работи, Никола Димитров, а за Маж со трајни вредности беше избран Трифун Костовски. За маж на годината во избор на социјалните мрежи беше избран Огнен Јанески.

Идејата за реализација и организација на настанот е на единствениот онлајн машки магазин Friday.mk и агенцијата за организирање настани Momentum inc, а беше поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија и Агенцијата на менаџери на Македонија.

По официјалниот дел гостите уживаа во забавата во добра музика и пијалок на кој ги споделуваа своите импресии.

Извор: Friday.mk