Променливо облачна среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот 17-ти ноемвриски ден, среда, во Македонија носи променливо облачно време, претпладне со слаба магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има слаба магла и ниска облачност, а попладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, со појава на магла и значителна ниска облачност претпладне по котлините. Во западните делови во четврток ќе има услови за локален дожд. Во петок и сабота, пак, ќе дува умерен до засилен северен ветер.