Ѓорчев заминува од политиката и продолжува во приватниот сектор


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Долгогодишниот пратеник и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, преку својот профил на Инстаграм ја информираше јавноста дека заминува во приватниот сектор.

„Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите. Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки“, напиша Ѓорчев.

„Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму“, додава Ѓорчев во објавата на Инстаграм, без да појасни дали ова значи дека тој целосно се повлекува од политиката.