Прогнозата за раст на македонската економија намалена на 2,1 отсто


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Европската комисија во есенската прогноза предвиде помал раст за македонската економија. Наместо претходно предвидениот раст од 3,7 отсто, ќе изнесува 2,1 отсто.

Причина за намалениот раст спорд ЕК се поплавите и политичката криза.

Комисијата очекува македонскиот БДП да доживее солиден раст во текот на следната година од 3,2 отсто.

Европската комисија очекува раст на инвестициите по изборите во декември, и како што се наведува, во рамки на продолжената политичка криза, економијата растеше со побавно темпо во првата половина на 2016 година. Се очекува следната година растот на производството да има основа во растот на инвестициите и потрошувачката на домаќинствата, под услов политичката криза да заврши.

ЕК прогнозира дека во 2018 година ќе дејде до сериозното намалување на невработеноста до ниво од 22 проценти што ќе влијае и на растот на вработеноста. За годинава ЕК прогнозира невработеност од 24,4 отсто.

И во овој извештај ЕК прогнозира дека ќе продолжи зголемувањето на јавниот долг, кој годинава изнесува 40,5 отсто, а во наредните две години, според ЕК ќе порасне на 43 отсто.

Се очекува потрошувачката на домаќинствата да расте стабилно, но со побавно темпо.

„Приватните трансфери остануваат само малку над нивото од 2015 година, а апетитот на Владата за ад-хок зголемување на трансферите и субвенции да се намали“, констатира ЕК.