Home Актуелно Прогноза за првиот февруарски четврток

Прогноза за првиот февруарски четврток

Уште во текот на среда вечер низ дел од котлините, пред се на југот на Пелагонија е формирана магла. Таквиот тренд на локална појава на котлинска магла ќе продолжи и во четврток наутро.

Утрото освен магловито по колините, ќе биде и малку студено, со минимална температура која генерално ќе има вредности помеѓу минус 6 и минус 2 Целзиусови.

Во текот на денот од запад ќе има приближување на облачна маса, оја веќе попладне ќе го прекрие поголемиот дел од македонското небо.

Температурата ќе достигне вредности  помеѓу 5 и 7 степени во поголем дел од котлините, додека на југоисток истата за 1 до 2 степени ќе ја надмине границата од 10 Целзиусови.

Скопскиот крај наутро го очекува појава на слаба магла. Претпладне ќе биде умерено, а попладне претежно облачно. Дневното температурано колебање ќе биде од минимални минус 5 до максимални 6 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…