Прогноза за последната февруарска среда


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Среда во однос на вторник ќе биде малку пооблачна. Но, и со ова очекувано наоблачување, без поголемо размислување ќе можеме да го окарактеризираме денот како претежно сончев. Ветерот ќе биде сосема слаб.

Утрото ќе биде свежо, но споредено со вторник сепак ќе биде за нијанса поптпло. Минималната температура ќе има вредност околу 0 степени.

Највисоката дневна температура низ котлините во северниот и западниот регион ќе има  вредност помеѓу 10 и 13 степени, а долж повардарието помеѓу 14 и 16 степени.

Поширокиот скопски регион очекува претежно сончево време во текот на денот. Наутро ќе има мало зголемување на облачноста. Очекуваме температура со вредност од минимални минус 1 до максимални 14 степени.