Продолжуваат тензијата и острите зборови меѓу Маск и Гејтс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одговарајќи на прашање за лично мислење поврзано со Бил Гејтс упатено на Твитер, првиот човек на Тесла, Илон Маск, упати нова доза остри зборови кон познатиот милијардер и основач на Мајкрософт.

Гејтс ја даде својата визија за електричните возила. Тој посочи дека поевтините и поквалитетни батерии можат да ги направат електричните возила привлечна и пореална опција за сите возачи, но се сомнева во издржливоста на батеријата што ги полни поголемите возила, особено оние кои одат на долги патувања.

„Електричната енергија работи кога треба да покриете кратки растојанија, но ни треба различно решение за тешките возила на долги растојанија. Дури и со големи достигнувања во технологијата на батерии, електричните возила никогаш нема да бидат практично решение за товарни бродови и патнички авиони! “ – смета Бил Гејтс.

Гејтс, исто така, ги пофали производителите кои направија целосно електрични камиони, како што се ГМ, Форд, Ривијан и Болингер, но заборави да ја спомене компанијата Тесла чиј сопственик е Илон Маск, која го произведува Cybertruck.

Маск го коментираше мислењето на Бил Гејтс за електричните возила, одговарајќи многу кратко на корисник на Твитер: „Тој нема поим!“.

Ова не е прв пат овие двајца милијардери да влезат во конфликт, Гејтс го критикуваше Маск за неточни коментари за пандемијата на коронавирус.

Претходно, Илон ги „вжешти“ страстите меѓу двајцата кога откри дека имале разговор во февруари годинава, но дека бил многу разочаран и дека Гејтс не му оставил никаков впечаток.