Проблеми во договорот меѓу Заев и Ахмети: Законот за јазиците се уште недефиниран!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До три часот утрово траела дискусијата околу донесувањето на спорниот закон за јазици, со кој албанскиот јазик треба да биде унапреден надвор од рамковниот договор.

Една од точките во Тиранската платформа, која предизвика големи протести пролетва, беше токму проширување на употребата на албанскиот јазик надвор од рамковниот договор, на целата територија, со што ќе добие статус на втор службен јазик во државава.

Иако тогаш се тврдеше дека за промена на употребата треба широка дебата, сепак се остварија стравувањата дека владата ќе го пријави овој закон со европско знаменце за да избегне одолговлекување со дискусиите во Собрание.

ДУИ инсистираше овој закон да се донесе пред закажувањето на локалните избори, што треба да се случи на 6 август, во период на годишни одмори, кога јавноста не е толку сензитивна во однос на ваквите проблематични решенија. Сепак, Законот за употребата на албанскиот јазик не поминал на синоќешната владина седница. Според владини извори, Законот бил одложен за доусогласување.

Официјално од Владата велат дека причина за одложувањето, е тоа што требало да се допрецизира делот за новоформираната Агенција, којашто треба да го контролира спроведувањњето на Законот. но висок владин функционер кој присуствуваше на вчерашната седница, за ТВ 24 Вести, вели дека несогласување имало околу тоа, дали целиот Закон треба да биде пратен за став во Венецијанската комисија или пак само спорните одредби коишто се однесуваат на инсистирањето на ДУИ за двојазични банкноти и двојазични амблеми, што за СДСМ е противуставно.

Предвидено е Законот да оди во две фази, а да се усвои најпрво употребата, по што во втората фаза би биле комплетно имплементирани препораките на Венецијанската комисија.

Министер од СДСМ, вели дека двојазничните банкноти и амблеми ги нема во Законот, а дека за нив посебно ќе се бара мислење од Венецијанската комисијата. Од ДУИ пак велат дека овие одредби се вградени законските рамки.

Дебатата за Законот за јазиците во Владата траела до три часот утрово, јавува 24 Вести.