Нобел

Проблем кај Samsung S10: Може да се отклучи со сечиј отисок

Британка која се подновила со Samsung S10 се пожалила заради нарушување на приватноста како личен корисник на телефонот, бидејќи нејзиниот маж може да го отклучи нејзиниот телефон со неговиот отисок од прст.

Тоа било овозможено преку поставување на „евтина заштита“ на екранот од уредот, по што секој палец може да го отклучи Galaxy „S10“.

Откако се проширила оваа приказна, јужнокорејскиот технолошки гигант го признал пропустот кој овозможува било кој да го отклучи овој телефон од премиум сегментот.

Кога овој модел е претставен во март, Samsung неговиот ултразвучен читач за отпечатоци од прсти го претстави како револуционерно решение.

Скенерот праќа ултразвучен сигнал кој детектира тродимензионални контури од отпечатокот на корисникот и потоа го отклучува уредот.

Samsung најави софтверско решение на овој проблем.

Advertisements
To Top