Приватен хеликоптер, торба од Вирџил Аблох – Георгина ужива во луксуз и раскош


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ако во нешто одлично се снаоѓа вереницата од фудбалерскиот ас Кристиано Роналдо, заводливата Георгина Родригез, тоа се раскошот и модниот луксуз.

Убавицата на Инстаграм се пофали со фотографија пред приватен хеликоптерот, со кој се врати од нејзиниот летен одмор во Грција, каде беше семејството на Кристиано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Георгина позира во црн комплет , во кој се истакна нејзината совршена линија. Но , веднаш во очи падна еден детал поставен на пистата сместен до нејзините нозе, со на најдобра начин покажува и докажува во каков луксуз живее и ужива вереницата на Роналдо.

Станува збор за торбата од најновата колекција на дизајнерот Вирџил Аблох, кој работи за модната куќа Луј Витон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Проѕирната торба со шарен сјај е дел од машката колекција, но очигледно Георгина сакала да се почести со убав додаток. И не само убав, туку и скап, со оглед на фактот дека една таква торба чини 6.000 евра.

Или можеби торбата му припаѓа на Кристиано, кој и самиот е љубител на скапоцени торби. Неодамна во приватниот авион тој се фотографираше со луксузна Биркин торба покрај нозете.