Примирјето во Газа стапи на сила – и двете страни прогласија победа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во појасот Газа, стапи на силаво 1 часот по полноќ денеска, со што им се стави крај на 11 дневните борби во кои беа убиени 240 луѓе , најголем дел од нив во Газа.

Палестинците излегоа на улиците во населените места во Газа, набргу откако примирјето стапи на сила. Голем број луѓе излегле на улиците во автомобили и пеш и со огномети го прославувале примирјето. Двете страни тврдат дека победиле во судирите.

Израелската војска подоцна соопшти дека ги отстранува речиси сите вонредни рестрикции за движење во земјата.

Жителите на Газа денеска излегоа на улиците во градовите, купувајќи храна и сите други неопходни производи.

“Животот ќе се врати, затоа што ова не е првата војна и нема да биде последната војна, нормалниот живот ќе се врати како што го гледате, луѓе се разбудија. Вистина е дека срцето не боли. Има трагедии. Цели семејства веќе не се живи и тоа е нешто што не растажува. Но, тоа е нашата судбина во оваа земја, да бидеме трпеливи” – вели Ашраф Абу Мохамед, жител на Газа.

Семејствата од северна Газа, кои беа раселени заради најтешкото израелско бомбардирање во последните години, се вратија денеска во своите домови за да ја проверат материјалната штета, неколку часа откако примирјето стапи на сила.

Степенот на уништување во градот Беит Ханун е огромен, каде цели згради се срамнети со земја од бомбардирањето а тешки оштетувања се нанесени и на инфраструктурата.

Честитки за постигнатиот договор за прекин на огнот пристигнуваат од целата меѓународна заедница.

“Го поздравувам примирјето меѓу Газа и Израел по 11 дневните смртоносни непријателства. Изразувам најдлабоко сочувства до жртвите во насилството и нивните најблиски. Им честитам на Египет и Катар за нивните напори во координација со ОН за да помогнат за враќање на мирот во Газа и Израел. Ги повикувам сите страни да го почитуваат прекинот на огнот” – оцени генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Најмалку 232 луѓе , вклучувајќи и повеќе од 100 жени и деца, беа убиени во Газа. Израел соопшти дека најмалку 150 милитанти биле елиминирани во Газа.

Во Израел убиени биле 12 луѓе, вклучувајќи две деца.