Примерок од „класиката“ 911 се продава со почетна цена од 875.000 долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По завршување на реставративниот процес, примерок од класиката на Porsche, 911, која после реставрирањето има поминато само 2.574 километри, оди на аукциска продажба.

Porsche 911 од серијата Malibu претрпе процес на реставрација и модификација во работилницата на Сингер. Завршено е во 2016 година како 71. автомобил обновен во оваа компанија.

Финалето вклучува сликање на автомобилот со нијанса наречена ,,Минтарини”. Од надворешноста на Porsche може да забележите и суптилна бела графика на страните. Во дизајнот на ентериер се користела кафеава кожа, со трокрак управувач и седишта на Рекаро.

Аукциската куќа Сотби има задача да го најде купувачот, со почетна цена од 875.000 американски долари.

Автомобилот се напојува со 4-литарски шест-цилиндричен мотор. Тоа е модификација на компанијата Ед Пинк Рејсинг, а тоа значи 390 КС. Поврзан е со шестстепен мануелен менувач и погон на задните тркала.96 км на час стигнува за 3,3 секунди и 160 км на час за 8,2 секунди. Сопирачките се Брембо, а суспензијата е Олинс. Porsche 911 Malibu Reimagined by Singer помина помалку од 2.500 км од преработката.