Пријателите од Брус Вилис загрижени за здравјето на славниот актер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според написите на американските медиуми, холивудската легенда Брус Вилис веќе некое време се бори со деменција. Неговата состојба наводно толку многу се влошила, што сега ги прифаќа сите деловни понуди за да може да заработи што е можно повеќе, додека сè уште може да работи.

Гласините започнале откако 66-годишниот актер почнал да прифаќа улоги во нискобуџетни филмови. Во емисијата на YouTube Half in the Bag решиле да се осврнат на оваа тема. “Брус Вилис снима десетина филмови годишно, а никогаш не сте слушнале за ниту еден од нив. Ќе се справиме со овој чуден феномен и ќе се обидеме да откриеме што се случува”, напишале во описот на шоуто.

Потоа коментирал Мет Ескандри, режисерот одговорен за неколку филмови на Вилис, меѓу кои и Hard Kill, Survive the Night и Trauma Center.

„Некаде прочитав дека Брус Вилис има деменција, дека не е ни свесен што се случува околу него“, напишал еден корисник, на што Ескандри одговорил: „Да, точно е, јас режирав четири филма со него, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како пропаѓа пред твоите очи. Го видов додека работев со него во последните неколку години“.

„Тој има деменција“, потврдил тој.

Американскиот таблоид ОК! напишал во 2021 година дека Брус има деменција и дека одлучил да поминува што е можно повеќе време со своето семејство. Тој наводно имал голема поддршка и од поранешната сопруга Деми Мур. „Семејството секогаш се обидувало да му ја даде на Брус потребната поддршка“, изјавил тогаш извор за таблоидот. „Тажно е што луѓето го исмејуваат“, додаде тој.

Долго време се шпекулира дека морал да носи слушалки за време на снимањето бидејќи наводно не се сеќава на сценариото.

Минатата година тој се соочил со критики дека бил виден без маска на некој настан. Подоцна се правдал дека се работи за „погрешна проценка“, но поинформираните тврдат дека Вилис едноставно заборавил дека мора да носи маска. На Вилис наводно не му е официјално дијагностицирана деменција, но изворите велат дека „тој со години се борел со болеста“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)