Собираше топки на натпреварите од Челзи, сега ќе игра во четвртфинале во Лига на шампионите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


22-годишниот Трево Чалоба е дете на фудбалската академија на Челзи и тој таму ги помина сите младински категории пред да стигне до првиот тим.

Како дете Чалоба беше собирач на топки во домашните натпревари на Челзи во Лигата на шампионите, па тоа го потенцираше во неговата последна објава на социјалните мрежи.

„Од собирач на топки до четвртфинале во Лигата на шампионите, многу сум благодарен“, напиша Чалоба.