Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Бизнисменот Орце Камчев во текот на оваа вечер ќе излезе на слобода, бидејќи Апелација му го укина притворот. Кривичниот совет на Апелација одлучи да ја прифати гаранцијата од скоро 11 милиони евра, а судот ќе му го задржи пасошот на Камчев.
-На притворениот му е уважена жалбата, решението е преиначено, односно прифатена е гаранцијата и укината е мерката притвор, ни одговорија од Апелација.
Тој новогодишната ноќ ја дочека во болницата “Систина” и се уште се наоѓа таму, поради што на слобода ќе излезе од болницата.
Два дена пред Нова Година на слобода излезе и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
И Камчев и Мијалков беа во притвор за предметот “Плацевите на Водно”, односно за тајниот имот на екс премиерот Никола Груевски.