Советничката за надворешна политика Чернева „чистела терен“ во Скопје за посетата на бугарскиот премиер Петков


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Советничката за надворешна политика на актуелниот бугарски премиер Кирил Петков, Весела Чернева, на 2 јануари го посетила Скопје, потврдиле од тамошната влада за Бугарската национална телевизија.

Чернева била во Скопје по задача на Петков заради подготовка на претстојната средба на бугарскиот премиер и Димитар Ковачевски подоцна овој месец, кога во Скопје треба да се избере новата влада.

Весела Чернева е меѓународно признат експерт за надворешната политика. Таа во моментов е заменик-директор на Европскиот совет за надворешни работи и шеф на канцеларијата во Софија. Фокусот на нејзиното истражување и делување се надворешната политика на ЕУ, како и Западен Балкан и регионот на Црното Море.

Порано таа беше и портпарол на бугарското министерство за надворешни работи, како и секретар на Меѓународната комисија за Балканот.

0