При претрес кај крушевчанец најдени повеќе од 60 пушки, 60 пиштоли и над 2.000 парчиња муниција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


При претресот на домот од 71-годишен крушевчанец полициските служби затекнаа над 60 пушки, повеќе од 60 пиштили и над 2000 парчиња ловечка и боева муниција.

– Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли, информира МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.