Британското разузнавање тврди дека Украинците заземаат територии кои руските сили ги окупираа во 2014 година


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Украинската неделна контраофанзива напредува на територијата окупирана од руските сили од 2014 година, се вели во дневниот извештај на британското разузнавање за војната во Украина објавен денеска.

Украинските сили напредуваа источно од селото Краснохоривка, во близина на градот Доњецк, во источна Украина, се вели во извештај објавен на Твитер.

„Неодамнешните повеќекратни симултани украински напади“ низ Донбас „најверојатно ги исцрпија“ силите на меѓународно непризнаената Народна Република Донецк и чеченските единици кои дејствуваат таму, се вели во извештајот, цитирајќи разузнавачки информации.

Британското Министерство за одбрана секојдневно објавува информации за напредокот на војната од нејзиното започнување пред повеќе од 16 месеци.

Москва го обвинува Лондон за насочена кампања за дезинформација.