Превентива или шпионажа: Паметни униформи против бегањето од часови и тепачките на училиште


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со новите паметни училишни униформи кои ќе ги добијат учениците, кинеските училишта ќе имаат можност да ги следат децата каде се наоѓаат благодарение на чиповите кои се вградени во униформите. На овој начин Кинезите сакаат да го зголемат присуството на учениците на наставата.

Оваа примена во пракса, според мислењето на критичарите и голем број на родители, прилично е застрашувачка.

Од друга страна, кинеските наставници тврдат дека паметната технологија како помош при следењето на движењето на учениците може да биде од корист во разни ситуации, не само кога учениците ќе се одлучат да бегаат од часови, туку и во сериозни безбедносни ситуации.

Секоја униформа има два вградени чипови на рамената, кои се користат за следење на учениците кога влегуваат и излегуваат од училиштето, со додатна доза на софтвер за препознавање на лицата на влезовите, за наставниците да бидат сигурни дека вистинскиот ученик ја носи вистинската униформа.

Униформите можат да се перат без оглед на тоа што се опремени со паметна технологија.

Зад оваа технологија стои компанијата „ Guizhou Guanyju“, која се занимава со развој на паметна технологија.

На училишните униформи се изградени и некои дополнителни додатоци. Според The Verge, чипови во униформите исто така можат да препознаат кога студентите спијат на час.

Досега Кинезите ја воведоа употребата на паметни униформи во десет училишта.

Првите резултати веќе покажаа дека училишните администрации секогаш ќе бидат принудени да ги следат учениците поради честите бегања од часови.

Сепак, со паметни униформи е многу полесно да се открие каде одат и што прават кога не се во училницата за време на часовите.