Актуелно

Претставничкиот дом на Конгресот изгласа отповикување на претседателот Трамп

Денес, на седница со една точка, претставничкиот дом на Конгресот денеска изгласа отповикување (импичмент) на Доналд Трамп со образложението „Поттикнување на бунт“.

За импичмент на Трамп гласаа и десет Републиканци во Конгресот, така што бројот на конгресмени кои сакаат да го видат Трамп надвор од Овалната соба на само неколку дена пред законскиот истек на неговиот претседателски мандат е 231, додека против гласаа 197 конгресмени.

Ова, сепак, не е крај. По Конгресот, треба да гласа и Сенатот на САД, каде што треба да гласаат две третини од сенаторите. За да му се отсвири крај на Трамп, потребно е за негово финално детронизирање да гласаат 17 Републиканци.

To Top