Претставата на МНТ „Народен непријател“ победник на 56. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар е прогласена за најдобра претстава на 56. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што се затвора денеска. Во програмата беа осум претстави во изведба на осум театарски куќи од земјава.

Никола Ристановски ја доби наградата за најдобра машка улога за „Народен непријател“, додека најдобра актерка е Бедија Беговска („Вишновата градина“), која претходно ја прими и наградата за животно дело.

Актерите од „Артуро Уи“ на Народен театар од Битола, Никола Пројчевски и Викторија Степановска-Јанкуловска. се наградени за најдобри споредни улоги. Истата претстава ја однесе и наградата за најдобра режија, што му припадна на Ќендрим Ријани, како и за музика (Тримор Доми) и за костимографија (Благој Мицевски).

За најдобри млади актери се прогласени Хакан Даци („Вишновата градина“) и Сара Спиркоска („Декамерон“).