Home Актуелно Канцеларот Шолц в сабота во посета на Македонија и Бугарија

Канцеларот Шолц в сабота во посета на Македонија и Бугарија

Германскиот канцелар Олаф Шолц во сабота доаѓа во посета на официјално Скопје, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Шолц во Скопје ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирани се и пленарни разговори на двете делегации. Предвидено е Ковачевски и Шолц да одржат заедничка прес-конференција.

Од Скопје германскиот канцелар заминува за Софија на средби со бугарскиот државен врв.

Се очекува теми на средбите во Скопје и во Софија да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.

Шолц во рамки на балканската турнеја, претходно ќе ги посети Србија и Косово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…