Зеленски: Битката за Северодоњецк е битка за Донбас


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поголемиот дел од источноукраинскиот град Северодоњецк сега е под контрола на Русите објавија укрианските власти. Според претсдеателот Володимир Зеленски, во Северодоњецк се решава судбината на Донбас.

– Ние ги браниме нашите позиции, му нанесуваме значителни загуби на непријателот. Ова е многу жестока битка, многу тешка. Веројатно една од најтешките во текот на оваа војна. Благодарен сум му на секој и на секоја што бранат во оваа насока. На многу начини таму се решава судбината на нашиот Донбас, изјави Зеленски.

Руските власти велат дека за брзо време ќе успеат целосно да го ослободат регионот Донбас. Завојуваните страни и денеска продолжија со мегусебните обвинувања околу проблемот со извозот на жито од пристаништата во Украина.. Првиот човек на ОН апелираше што е можно побрзо да се договорат коридори за жито, но и да се стави крај на руско-уркаиснката војна. Негативните ефекти од војната ширум светот се влошуваат и погодуваат 1,6 милијарди луѓе.

– Производството на храна во Украина, и храната и ѓубривата произведени од Русија, мора да се вратат на светските пазари – и покрај војната. Овогодинешната криза со храна е поради недостиг на пристап. Следната година може да биде поради недостаток на храна.

Во моментот проценките се дека 22 милиони тони пченица се сместени во силосите во Украина.

Во соседна Грција е потврден првиот случај на мајмунски сипаници. Станува збор за маж кој неодамна патувал во Португалија соопшти грчката национална здравствена агенција. Претхнодно СЗО дека досега се регистрани повеке од 1000 случаи на мајмунски сипаници надвор од еднемските области во Западна и Централна Африка. Од мај годинава , Вирусот е потврден во 30 земји ширум светот од кои 19 се на европскиот континенет. Германија е една од европските земји со особено висок број на заразени, заедно со Британија, Шпанија и Португалија.

Најмалку седум лица загинаа, а 46 се повредени во пожар што зафати деловна зграда во јужнокорејскиот град Даегу. десетици луѓе биле евакуирани. Пожарот во седумкатницата бил изгаснат по околу 20 минути, . Полицијата ги истражува причините за пожарот.