Home Актуелно Превртен автомобил пред МАНУ – за среќа нема жртви и повредени

Превртен автомобил пред МАНУ – за среќа нема жртви и повредени

Автомобил марка Пасат ноќеска, околу три часот по полноќ, се превртeл на булеварот „Крсте Мисирков” во близината на МАНУ во Скопје. Несреќата се случила три часа по полноќ, пренесува Независен.

Oд СВР Скопје информираат дека сообраќајкајната незгода се случила во 2.55 часот кога возачот на автомобил од марката „пасат” со скопски регистарски таблички ја загубил контролата над возилото и се превртел.

Возачот Љ.Ч (45) поминал без повреди, а причинета е само материјална штета врз возилото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…