Претседателот на УЕФА: И да имаше ВАР немаше да смени ништо за пеналот во Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин го коментираше спорниот пенал досуден за Реал Мадрид во ренашот против Јувентус во Лигата на шампиони.

Во 93-та минута судијата Оливер оцени дека Бенатиа направил прекшок над Васкез и досуди на белата топка.

После натпреварот „бјанконерите“ обвинија дека ситуацијата ќе бидела поинаква доколку во Лигата на шампиони има ВАР технологија.

„Дури и да имаше ВАР тоа немаше да промени ништо. Има луѓе кои ја прегледаа ситуацијата 20 пати, јас ја видов 50. Се уште половината од луѓето мислат дека е пенал, а другата половина дека не е пенал“, изјави Чеферин.

Чеферина спека смета дека ВАР ќе биде корисен во натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, кога на „граѓаните“ му беше поништен регуларен гол.