Претседателот на Примера: Го сакаме Нејмар назад во Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Ла Лига, Хавиер Табас изјави дека би сакал најскапиот фудбалер на светот, Нејмар да се врати во Шпанија.

Интересно, Табас дури напомена дека немора Бразилецот да се враќа во Барселона, па со тоа алудираше на негов трансфер во Реал Мадрид.

„Би сакал Нејмар да се врати во шпанскиот фудбал, не мора да игра во истиот том во кој што играше пред да замине во ПСЖ. Примера мора да ги има најдобрите светски фудбалери, а Нејмар е меѓу нив“, изјави Табас.

Нејмар минатото лето од Барселона се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но медиумите често шпекулираат дека не е среќен во Париз.

Табас е познат и по тоа дека се закануваше дека ќе го блокира трансферот на Нејмар во Париз поради кршење на финансискиот фер-плеј, но ПСЖ најде начин да ги заибиколи правилата.